Прочитајте ги општите правила и услови за учество на Prespa Run & Fun
Право на учество на трките 5K и 10K имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, под следниве услови:
За двете трки, за малолетни лица одговорноста ја сноси родител или старател и се препорачува нивно присуство на настанот.
Тимови можат да се пријават доколку бројат минимум 4 учесници (машки, женски или мешани), а за тимски резултати ќе се земаат времињата на најдобрите 4.
Секој учесник стартува на сопствена одговорност и сам ја проценува својата здравствена и психофизичка состојба.
Забрането е користење велосипеди, ролери, скејтборди и други средства за движење.
Учесниците мора да ги следат упатствата на организаторите, волонтерите и техничкиот тим.
Организаторот не одговара за изгубени, оштетени или украдени лични предмети.
Со регистрацијата учесникот се согласува дека:
Краен рок за регистрација за двете трки (5K и 10K) е:
10 јуни 2026, 23:59
По овој датум регистрацијата се затвора за сите.
За било каква измена на пријавата по 10 јуни 2026, 23:59, се доплаќа 300 денари.
Измените се вршат по евидентирана уплата.
Регистрацијата и уплатата се вршат преку официјалниот веб-сајт.
По успешна уплата, учесникот добива е-пошта со потврда и стартен број.
Организаторот може да понуди ограничен број „задоцнети пријави“ со различна цена, само доколку има преостанати стартни броеви. Во тој случај учесникот добива само стартен број со чип, без маица и други додатоци.
Организаторот не враќа средства за уплатена котизација.
Во случај на откажување на настанот поради природни непогоди, екстремни временски услови, безбедносни ризици или други причини надвор од контрола на организаторот, учесниците ќе можат да ја префрлат нивната пријава за следното издание или за следниот презакажан датум.
Учесник може сам да се откаже од учество без задолжително известување, но уплатениот износ не се враќа.
Сите учесници се должни да се однесуваат во духот на фер-плеј и спортско однесување.
Секое агресивно, опасно или навредливо однесување може да резултира со суспензија или дисквалификација.
Со регистрацијата учесникот потврдува дека ги прифатил сите правила и услови наведени во овој документ.
Организаторот го задржува правото да прави измени доколку е потребно за безбедноста и успешната реализација на настанот.
Верзија: v1.0
Последно ажурирано: