Повеќе од трка!
Prespa Fun е фестивалската енергија на целиот настан. Местото каде спортот, забавата и природата се спојуваат во едно целодневно доживување покрај Преспанското Езеро.
Ве очекува food court, кампинг зона, музичка програма со диџеи и познати артисти, ладни пијалоци, како и спортски и рекреативни активности.
Љубителите на активниот живот ќе можат да уживаат и во водни активности како кајакарење и SUP даски, јога на отворено, релакс зони, промо штандови и уште многу други изненадувања.