Откријте ја Преспа!
Национални паркови
Единствен остров во Македонија
Надморска височина на езерото
Преспа е регион во Jугозападна Македонија, со Преспанското Езеро као своја најважна природна одлика. Езерото е едно од најстарите во светот и се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, што го издвојува како највисоко тектонско езеро на Балканот. Оваа положба создава специфична микроклима со умерено топли лета и ладни зими.
Преспа е позната по богатиот биодиверзитет и е опкружена со два национални паркови - Галичица и Пелистер, чија комбинација на езерски, планински и шумски екосистеми овозможува присуство на голем број ендемични и ретки растителни и животински видови. Ова ја прави областа значајна за екологијата, научните истражувања и активниот туризам. Островот Голем Град, или „Змиски остров", е единствениот природен остров во Македонија и строго заштитено подрачје. Познат е по богатата флора и фауна, меѓу кои и дивата фоја, како и бројните водни птици како далматинскиот пеликан, корморани и други значајни карактеристични видови за Преспанскиот екосистем.
Преспа е препознатлива и по своите културно-историски локалитети, меѓу кои се издвојува црквата Св. Архангел Михаил во Курбиново од 12 век, позната по исклучително вредните византиски фрески. Административниот центар Ресен го обележува сарајот на Нијази-бег, една од највпечатливите архитектонски градби од почетокот на 20 век, денес културен и јавен простор. Регионот е исто така значаен по овоштарството, а преспанските јаболка претставуваат препознатлив бренд на национално и регионално ниво.